Утрински Весник
Свет

Азербејџан и Ерменија не можат да ги разменат телата на загинатите поради кршење на примирјето

Турција негира дека соборила ерменски борбен авион

Ерменија и Азербејџан не успеаја да ги разменат телата на војниците убиени во конфликтот во Нагорно Карабах, поради кршење на примирјето за кое се обвинуваат двете страни.

Двете земји се согласија на прекин на огнот од саботата напладне за размена на затвореници и загинати војници, но меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.

Примирјето беше воспоставено по 10-часовните преговори во Москва. Разговорите во Москва се првиот дипломатски контакт меѓу Ерменија и Азербејџан од почетокот на борбите на 27 септември во кои загинаа стотици луѓе.

Енклавата Нагорно-Карабах е меѓународно призната како територија на Азербејџан, но во неа живеат и управуваат етнички Ерменци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел