Утрински Весник
Спорт

Азар повторно со вишок килограми, во Реал „збеснале“

Азар повторно со вишок килограми, во Реал „збеснале“
Dik 300x250 mk

Еден Азар повторно се појавил на тренинзите пред стартот на новата сезона од Ла лига со вишок на килограми, предизвикувајќи бес кај Зинедин Зидан и првите луѓе во Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.

Според шпанскиот „АБЦ“, Белгиецот имал дури 6 килограми вишок од идеалната тежина, што посебно го изнервирало Зидан, кој смета дека рекордното засилување на Реал мора да се потврди на теренот. Минатата недела Азар беше дел од белгиската репрезентација на мечевите од Лигата на нации, но не одигра ниту една минута.

Според „Спорт“, пак, Азар заостанува во физичката форма „две три недели“ зад остатокот на тимот и се очекува 20-годишниот Винисиус Жуниор да има стартна позиција на неговото место на почетокот на сезоната.

Азар постигна само еден гол за Мадрид минатата сезона, а и самиот призна дека 2019/20 била неговата најлоша сезона во кариерата и покрај тоа што „кралевите“ ја освоија 34. титула во Ла лига.

> Азар повторно со вишок килограми, во Реал „збеснале“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс

Претседателот на ФФМ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ