Утрински Весник
Македонија

Аеродром за првпат надмина 1.000 активни случаи на заразени со коронавирус

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Општина Аеродром која е најголемото скопско жариште на коронавирус за првпат надмина 1.000 активни случаи на заразени.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во Аеродром има 1.021 активни случаи, по што следат Карпош (892), Центар (848) и Гази Баба (847). Зад нив е Кисела Вода со 780 заразени, Ѓорче Петров (527),  Чаир (378) и Бутел (350).  Другите скопски општини имаат двоцифрени бројки на заразени.

Ианку, во Скопје во моментов има 6.372 активни случаи на коронавирус. Само денеска во главниот град беа регистрирани 569 новозаразени лица, а починаа 4 пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37.499, бројката на оздравени пациенти е 22.835, на починати е 1.096, а бројот на активни случаи изнесува 13.568.

На целата територија, за 24 часа беа забележани нови 1.128 случаи на заразени, починаа уште 12 лица, а се излекуваа 307.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)