Утрински Весник
Економија

Аеродромите од 1 јули целосно отворени за сообраќај

Аеродромите од 1 јули целосно отворени за сообраќај

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Од среда, 1 јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа на аеродромите, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Одлуката на Владата е донесена и аеродромите ќе бидат отворени на 1 јули, тоа е среда. Согласно протоколите  коишто ги работат ТАВ и Комисијата за заразни болести ќе се види точно  како треба сите да се однесуваат коишто сакаат да патуваат до Македонија и се разбира надвор од Македонија, изјави Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

Тој најави дека планира деновиве заедно со министерот за здравство да посетат аеродром, каде, како што кажа, целосно ќе биде објаснето од страна на ТАВ и од Комисијата за заразни болести  како ќе се работи и затоа ќе биде запознаена јавноста.

Аеродромите во земјава беа затворени на 16 на март годинава, веднаш по појавувањето на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19. Оттогаш работеа само за државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови.

Вчера ТАВ ги објави протоколите по кои ќе работат аеродромите во услови на КОВИД-19. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија