Утрински Весник
Македонија

АД „Пошта на Северна Македонија“ се извини за објавената марка со погрешна карта на Хрватска

АД „Пошта на Северна Македонија“ се извини за објавената марка со погрешна карта на Хрватска

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се извинува за, како што наведува, ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.

На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш е повлечена од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6000 (шест илјади) примероци.

– Изразуваме жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со  ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата држава, се вели во соопштението од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Посочуваат дека издавањето на поштенските марки е регулирано со Законот за поштенските услуги и Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници, а во согласност со Годишната програма за издавање на поштенски марки, одобрена од страна на Министерството за транспорт и врски.

– Согласно одобрените теми, мотиви, тиражи и останати обележја на поштенските марки, во процесот на издавање на истите се вклучени: Биро за филателија на друштвото и Совет за издавање на поштенски марки Бирото за филателија има надлежност да собира и стручно обработува податоци; предлага мотиви и подготвува графички и ликовни  решенија на поштенските марки, ги подготвува за печатење во согласност со насоките добиени од Советот и др… Советот за поштенски марки именуван од Управниот одбор на Друштвото е составен од 7 членови, четворица претставници од редот на вработените во Друштвото и три надворешни членови. Надворешните членови се од редот на лица ангажирани во културни, јавни и научни области (историчари од национални институти (2) и еден е уметник од ФЛУ. Конечна одлука за изборот на мотивите како и графичките и ликовни решенија на поштенските марки ја носи Советот за поштенски марки, објаснуваат од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Поради направената грешка, Управниот одбор на Друштвото донел одлука за повлекување од употреба и уништивање на поштенската марка „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „ Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,00 денари. Доесени се и одлуки за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и за разрешување на Советот за поштенски марки.са/

 

 

 

Поради направената грешка се состана Управниот одбор на Друштвото со цел преземање мерки во рамки на своите надлежности, а во согласност со Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници.

На итно одржаната седница на ден 09 мај 2020 година,

Управниот одбор на Друштвото донесе:

Одлука за повлекување од употреба на поштенската марка на тема „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „ Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,00 денари со ден на пуштање во употреба на ден 08.05.2020 година. Со предметната одлука се утврдува и поништување на целокупниот тираж.
Одлука за разрешување на Раководителот на Бирото за филателија и
Одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.
АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје во оваа прилика уште еднаш најискрено се извинува на сите засегнати страни за ненамерната техничка грешка.

Само со взаемно почитување и блиска соработка може да бидеме составен дел на големото европско семејство.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали