Утрински Весник
Економија

АД ЕСМ продаде електрична енергија на слободниот пазар за 5.375.00 милиони евра

АД ЕСМ продаде електрична енергија на слободниот пазар за 5.375.00 милиони евра

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Акционерското друштво Електрани на Северна Македонија информира дека откако ги задоволило потребите на универзалниот снабдувач за електрична енергија за тарифните потрошувачи, продолжило со производство и со продажба на електрична енергија на слободниот пазар.

-АД ЕСМ продаде вкупно 110.640 мегават часови енергија и притоа оствари приход од 4.890.875 евра. Повеќе од половината од продадена електрична енергија е за третиот квартал, значи јули, август и септември, по просечна цена од 44.37 евра за мегават час (цената на ХУПЕКС берзата во тој момент беше 43.40 евра за мегават час). Останатиот дел од енергијата е продаден за јули по просечна цена од 43.55 евра за мегават час, (цената на ХУПЕКС во тој момент беше 42.13 евра за мегават час), изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Тој, исто така, соопшти дека АД ЕСМ продало и 11.040 евра за мегават час електрична енергија за загубите на ЕВН Електродистрибуција за третиот квартал, по цена од 43.89 евра за мегават час (цената на ХУПЕКС беше 43.84 евра за мегават час).

Остварениот приход од оваа продажба бил 484.545 евра.

-Наведените податоци покажуваат дека при продажбите се постигнати цени повисоки од берзанските и е остварен вкупен приход од 5.375.421 евро, вели Ковачевски.ир/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Стандард и Пурс”: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk