Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

АД ЕСМ: Новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“ со значаен удел во електроенергетскиот систем

АД ЕСМ: Новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“ со значаен удел во електроенергетскиот систем
300x250 opst2

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Од почетокот на грејната сезона, заклучно со 31 јануари годинава новиот енергетски капацитет, когенеративната гасна електрана КОГЕЛ има произведено 14.000 MWh електрична енергија и 2.622 MWh топлинска енергија, соопшти денеска АД Електрани на Северна Македонија.

Оттаму истакнуваат дека од пуштањето во употреба во октомври минатата до досега производството во КОГЕЛ се одвива според предвидениот план и во согласност со енергетскиот биланс.

– Значењето на КОГЕЛ како енергетска постројка особено дојде до израз во јануари годинава, кога во услови на континуирани ниски надворешни температури покажа одлични перформанси и стабилност во производството на електрична и на топлинска енергија, со оглед на тоа што гасните мотори во КОГЕЛ овозможуваат брзо вклучување во работа и брза синхронизација, што е од исклучителна важност за стабилноста на електроенергетскиот систем, стои во соопштението.

Преку овој производствен капацитет кој е инкорпориран во подружницата „Енергетика“ со парно греење се снабдуваат околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и градинки, како и повеќе од 75 правни субјекти од населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Во подружницата, истакнува енергетската компанија, постојано се работи на зголемување на базата на корисници на топлинска енергија, а во иднина се очекува поврзување со новоизградените објекти во населбите Хиподром, Бутел и Чаир.лв/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Пад на индустриското производство, намален и бројот на вработени во индустријата

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството