Утрински Весник
Економија

АД ЕСМ испрати хуманитарна помош за Дебар

АД ЕСМ испрати хуманитарна помош за Дебар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – АД ЕСМ во соработка со Синдикалната организација на компанијата и Синдикатот на РЕК Битола испрати хуманитарна помош за Дебар составена од 1.000 пакети со неопходни прехранбени производи и производи за лична хигиена во вкупна вредност од околу три милиони денари.

Во секој од пакетите, како што информираат од компанијата, има по 25 килограми брашно, шест шишиња зејтин, шест килограми шеќер, шест пакетчиња макарони, 20 ролни тоалетна хартија, по две заштитни маски и средства за дезинфенција на раце.

-Во овие кризни времиња, кои не потсетија колку е скапоцен животот и здравјето на секој од нас, АД ЕСМ се надева дека хуманитарната пратка ќе ги ублажи последиците од кризната состојба во Дебар и Центар Жупа. Во Дебар е седиштето на нашата хидроцентрала Шпилје и чувствуваме и морална одговорност да помогнеме. Општествената одговорност на АД ЕСМ многу пати досега била потврдена, а со овој гест ги охрабруваме и останатите компании, државни и приватни, секој во рамките на своите можности, да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, при испраќањето на хуманитарната помош, која тргна од Битола.

Помошта во Дебар ќе ја преземе градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со Оперативниот кризен штаб за градот. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бензините поевтинуваат – 24info.mk

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија