Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

АДСДП врши дезинфекција во сите објекти кои се во нејзина надлежност

АДСДП врши дезинфекција во сите објекти кои се во нејзина надлежност
Img 7972

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција во 20 социјални згради низ целата држава, во четири катни гаражи со кои стопанисува, како и во самата Дирекција и 11-те подружници.

– Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19. Станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините. Средството што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е  и потполно безбедно за околината. Во насока на грижата за здравјето на станарите, АДСДП на социјалните згради истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија, информираат од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Оттаму, најавуваат дека акцијата за дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму