Утрински Весник
Магазин

Адријане Палички поднесе барање за развод од Скот Грајмс втор пат по 14 месеци брак

Адријане Палички поднесе барање за развод од Скот Грајмс втор пат по 14 месеци брак

Актерката Адријане Палички повторно поднесе барање за развод од сопругот Скот Грајмс (поручникот Гордон Малој од серијата „Орвил“) по само 14 месеци брак.

Ѕвездите на „Орвил“ го врзаа јазолот во Остин, Тексас, на 19 мај минатата година но Палички (37) повторно се пишмани, според документи до кои дојде „ТМЗ“ во средата.

Актерката неодамна поднесе документи за развод по втор пат, тврди госип-порталот и додава дека тие имаат потпишано предбрачен договор. Таа прв пат се обиде да се раздели од Скот во јули 2019 година, но неколку месеци подоцна, во ноември, побара од судијата да го поништи барањето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Педијатриски совети: Ноќниот контакт со мајката е значаен за здрав и стабилен развој

Колку долго варените јајца се безбедни за јадење

Газираната вода – здрава навика или скриен проблем