Утрински Весник
Свет

Адолф Хитлер избран на избори во Намибија

Адолф Хитлер избран на избори во Намибија

На локалните избори во Намибија е избран кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Овој 54-годишен Намибиец, Адолф Хитлер Уунона, освои 84,88 отсто од гласовите во дистриктот Омпунџа во регионот Ошана, во северна Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „Свапо“, со која победи на актуелните регионалните избори. Тој објаснил дека името му го дал неговиот татко.

„ Очигледно мојот татко не разбрал кој бил Адолф Хитлер“ додал тој.

Вели дека додека бил дете, неговото име било нормално, се додека не пораснал и дознал чие име носи.

„ Со сите тие работи кои ги направил тој човек, чие име носам јас, немам никаква врска“ вели тој.

Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона.

Рекол дека името не може да го смени бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници