Утрински Весник
Македонија

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

„Њујорк тајмс“: Како ќе изгледа светот во 2022 година по пандемијата?

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Исто така, работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен на оние што вршат испорака, се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. Ова се дел од рестриктивните мерки кои вчера попладне беа усвоени на владината седница, а ги предложи Комисијата за заштита од заразни болести.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Божиновска – Милер: Заедничка заложба за политики што ги ставаат децата и младите во фокусот

Перински: Развојни приоритети и нови инвестиции во фокусот на посетата на Гевгелија и Богданци

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими