Утрински Весник
Спорт

Адејеми ја одбил Барселона, ја прифатил понудата од Дортмунд

Адејеми ја одбил Барселона, ја прифатил понудата од Дортмунд

Играчот на Салцбург и репрезентативец на Германија, Карим Адејеми, кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд. Адејеми, проценил, дека неговата кариера подобро ќе се развива во Дортмунд, отколку во Барселона.

Долго време траат шпекулациите околу Адејеми. Барселона не го крие интересот, тренерот Чави неговиот трансфер го означил како приоритет и тоа во јануарскиот преоден рок, меѓутоа „Блауграна“ нема да го добие овој играч.

„Скај спорт“, тврди дека Адејеми ја прифатил понудата од Дортмунд и дека неговиот трансфер е речиси завршен.

Напаѓачот до крајот на сезоната ќе игра во Салцбург, а потоа ќе се пресели во Дортмунд како заменеа за Ерлинг Халанд.

> Адејеми ја одбил Барселона, ја прифатил понудата од Дортмунд <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина