Утрински Весник
Спорт

Адеми: Штета што не успеавме, имавме огромна шанса да се пласираме на СП

Адеми: Штета што не успеавме, имавме огромна шанса да се пласираме на СП
Dik 300x250 mk

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се чувствува горд што успеа заедно со соиграчите од националниот тим да им приреди еуфорија на навивачите во Македонија, во баражот за пласман на Светското првенство. Сеакако, тој жали што македонската селекција не успеа да ја прескокне последната пречка за СП во Катар.

„Бевме многу блиску, имавме голема шанса да одиме на мундијалот во Катар. Дојдовме на еден чекор до СП и навистина е штета што не успеавме. Немам впечаток дека Португалија комплетно не надигра, но секако дека и тие заслужија да се пласираат на Светското првенство. Од друга страна, ние сме горди на се она што го направивме, посебно на победата против Италија. Тоа предизвика голема еуфорија кај македонските фанови“, изјави Адеми.

Македонија загуби од Португалија на „Драгао“ со 2:0, а двоен стрелец беше Бруно Фернандеш.

> Адеми: Штета што не успеавме, имавме огромна шанса да се пласираме на СП <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата