Утрински Весник
Македонија

Адеми: Спортската сала во гостиварско Дебреше ќе биде готова во септември

Адеми: Спортската сала во гостиварско Дебреше ќе биде готова во септември

Гостивар, 12 јуни 2020 (МИА) – Спортската сала која се гради во гостиварското село Дебреше ќе биде завршена пред рокот, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми по извршениот увид во градежните работи.

Новата спортска сала, која се гради во дворот на основното училиште „Фаик Коница“, е инвестиција на МОН за која се издвоени над 37 милиони денари.

Објектот ќе има површина од 1.200 квадратни метри и покрај учениците ќе може да се користи за организирање на натпревари во мали спортови. За да се обзбеди функционирање на салата ќе се вработат две лица.

-Од изведувачот на работите добив информации дека активностите се одвиваат без потешкотии и дека салата ќе биде комплетирана пред предвидениот рок декември 2020 година. Очекуваме работите да завршат до крајот на летото и во неа да се одржи првиот час по физичка култура. Јас искрено се надевам дека токму од оваа сала ќе излезат идни врвни спортисти, рече министерот Адеми.

Првиот човек на МОН нагласи дека во делот на капитални инвестиции за Гостивар се водело сметка и како тоа ќе продложи и во иднина. Тој потсети дека во изминатиов период тоа било направено и во други училишни објекти, а особено ја истакна салата во училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ во која биле инвестирани околу 800 илјади евра. згм/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема