Аријан Адеми е во одлична форма пред стартот на Европското првенство, откако со еден гол помогна Динамо Загреб со неверојатни 6:3 да го совлада тимот на Истра во финалето на Купот на Хрватска за да ја потврди двојната титула.
„Модрите“ имаа фуриозен старт – Мислав Оршиќ ги донесе во водство во третата минута, а Адеми во деветтата зголеми на 2:0, за до крајот на полувремето, Ловро Мајер да зголеми на 3:0 на дождот во Велика Горица.
Меѓутоа, Истра не се предаде – Јапонецот Таичи Хара постигна два гола за една минута (52. и 53. минута) за 2:2, пред Динамо да ја врати предноста со автоголот на Шутало во 59. минута. Истра пак даде гол, овојпат од пенал во 64. минута, но Оршиќ во 74. и Гаврановиќ во 84. минута потврдија уште една доминантна сезона на Динамо.
> Адеми со гол, Динамо со двојна хрватска круна по 6:3 победата над Истра <