Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Адеми за пресврт-победа на Динамо кај Риека

Адеми за пресврт-победа на Динамо кај Риека
Img 7972

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го „реши“ големото хрватско дерби меѓу Риека и Динамо Загреб, комплетирајќи го камбекот на „модрите“ за 1:2 победа со гол во 86. минута од мечот.

Младиот Словенец Адам Гнезда Церин им донесе водство на домаќините по 22 минути игра, пред во луд финиш „модрите“ да направат целосен пресврт. Махир Емрели во 79. минута израмни на 1:1, пред капитенот на Динамо, Адеми да го постигне победничкиот гол во 86. минута од мечот.

Со победата, Динамо се врати на првото место во ХНЛ со 63 поени, два пред Осиек и тоа со меч помалку, додека Риека е четврта со 55 поени.

> Адеми за пресврт-победа на Динамо кај Риека <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај