Утрински Весник
Македонија

Адеми: Доколку е потребно, можно е пролонгирање на наставата

Адеми: Доколку е потребно, можно е пролонгирање на наставата

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска информира дека ја следат ситуацијата со грипот во земјава и согласно околностите ќе бидат преземени соодветни мерки, вклучувајќи и можно е пролонгирање на образовно-едукативниот процес.

– На дневна основа ја следиме ситуацијата. Во постојана комуникација сме и со Министерството за здравство и со другите институции. Ќе ја следиме состојбата и согласно со околностите ќе преземеме конкретни мерки, рече Адеми на прес-конференцијата во седиштето на ДУИ.

Тој посочи дека во моментот нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.

– Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции, изјави Адеми.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ