Утрински Весник
Македонија

Адеми: ДИЦ има предлог за државната матура, ја следиме ситуацијата и нема простор за паника

Адеми: ДИЦ има предлог за државната матура, ја следиме ситуацијата и нема простор за паника

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе има конкретен предлог за  полагањето државна матура, со оглед на вонредната состојба и неизвесноста како ќе заврши  учебната 2019/2020 година особено за средношколците матуранти.

– Предлогот на ДИЦ е доставен кај мене и според ситуацијата ќе одлучиме. Внимателно, сериозно и одговорно ја следиме ситуацијата. Ги следиме сите околности со кои се соочуваме и зависно од околностите и траењето на оваа состојба ќе преземаме и чекори, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми во одговор на новинарско прашање како ќе се организира и спроведе државната матура и дали ситуацијата ќе ги одложи и уписите на факултет.

Посочи дека роковите, конкретни датуми, за полагање на државната матура се предвидени со календарот за организирање на учебната 2019/2020 во сите јавни средни училишта.

– Нема простор за паника, нема простор за вознемирување. Дај боже час поскоро да завршиме со овој предизвик и со оваа состојба и ќе има полагање на државна матура и ќе има уписен рок, уписна сесија, уписи во високообразовните установи, додаде Адеми на прес-конференцијата на која соопшти за новата мерка за онлајн-настава – национална платформа за учење од далечина што ќе профункционира утре. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, уапсен кумановец што ги превезувал

За една седмица констатирани 4991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4674

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана