Утрински Весник
Македонија

Адеми: Голем дел од планираните настани веќе се одложени

Адеми: Голем дел од планираните настани веќе се одложени

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Голем дел од активностите и настаните кои беа планирани да се организираат во овој период веќе се одложени поради владините мерки за настанатата ситуација со коронавирусот, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми, член на Демократската унија за интеграција и воедно министер за образование и наука.

– Демократската унија за интеграција уште на првата прес-конференција на оваа тема најави дека ќе ја прилагоди кампањата согласно новите настанати околности. Повеќе активности, настани и собири со повеќе луѓе веќе се одложени. И во следниот период максимално ќе бидеме посветени доследно да ги применуваме сите препораки, заклучоци кои произлегуваат од надлежните институции. Голем дел од настаните кои беа планирани да се организираат во овој период веќе се одложени, рече Адеми.

На новинарско прашање кога ќе ги објават кандидатските листи, Адеми оговори дека оваа прашање зависи од партиските органи, додавајќи дека ќе бидат објавени во рамки на рокот определен со закон. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седум лица приведени во ноќна акција на МВР

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Полицијата со низа интервенции: Насилство врз сопруги, партнери и малолетник во повеќе градови