Утрински Весник
Македонија

Адеми-Богдановиќ: Две пријателски земји со богато културно и природно наследство

Адеми-Богдановиќ: Две пријателски земји со богато културно и природно наследство

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Во рамките на работната посета на Црна Гора министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска оствари средба со црногорскиот министер за култура Александар Богдановиќ.

За време на средбата, беа потврдени одличните и пријателски врски меѓу двете држави, но се разговараше и за отворените можности за нивно натамошно продлабочување, соопшти Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за дијаспора.

Беа разменети мислења за соработката на Северна Македонија и Црна Гора со УНЕСКО, имајќи го предвид искуството на двете држави околу статусот на заштитените културно-историски подрачја, Охрид во нашата држава и Котор во Црна Гора. Беше посебно нагласено задоволството за минатогодишниот јубилеј, 40 години од признавањето на двата града како заштитени подрачја на УНЕСКО.

Се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат заштитените подрачја од неконтролираниот урбан развој. Во тој контекст, договорена е соработка на експертско ниво, со цел чување на универзалната вредност на двете места.

Во рамките на меморандумот за пријателство на градовите Охрид, Котор, Дубровник и Мостар, потпишан 2018 година, договорено е да во соработка и со Организацијата на градови на светското културно наследство, се изнајдат начини за конкретизирање на соработката. Во тој контекст, планирано е во скоро време реализација на состанок на претставници на четрите града со претставници и националните комисии на УНЕСКО, стои во соопштението. нд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип