Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Адемар го декласираше Металург, Пелистер пак „потфрли“ во последните секунди

Адемар го декласираше Металург, Пелистер пак „потфрли“ во последните секунди
Img 7972

Македонските претставници ќе почекаат за прва победа во новоименуваното натпреварување на ЕХФ, Европската лига, откако Металург беше декласиран на гостувањето кај силниот Адемар во Шпанија со 41:32, а Еурофарм Пелистер пропушти водство од +6 на полувреме, да одигра 25:25 со швајцарскиот Кадетен.

Во Шпанија, Адемар направи предност од седум гола во првото полувреме, и потоа рутински го донесе мечот до финиш. Рубен Марчан даде осум гола на македонскиот клуб, Гонзало Перез додаде седум, додека Милан Поповиќ со осум гола беше најефикасен за клубот од Автокоманда.

Во Битола, Кадетен Шафхаузен успеаја да надминат негатива од шест поени, за на 10 секунди пред крајот Себастијан Фримел да постигне гол за 25:25, за вторпат во две кола Еурофарм Пелистер да пропушти водство во финишот на мечот, по 29:30 поразот од ГОГ. Фримел постигна пет гола, шест имаше Јонас Шелкер, додека за битолскиот клуб, Стипе Мандалиниќ имаше седум гола, а Томислав Кусан додаде четири.

> Адемар го декласираше Металург, Пелистер пак „потфрли“ во последните секунди <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица