Утрински Весник
Магазин

Адел се пошегува на сметка на нејзиното слабеење

Адел се пошегува на сметка на нејзиното слабеење
Dik 300x250 mk

Адел се пошегува на сметка на губењето килограми и им порача на фановите „мојот албум не е завршен“, откако по 12 години се врати во популарното американско ТВ-шоу „Сатрдеј најт лајв“, овој пат како водителка.

„Знам дека изгледам навистина, многу поразлично од последниот пат кога ме видовте“, рече 32-годишната британска пејачка кога се качи на сцената.

„Но, всушност, поради сите Ковид ограничувања морав да патувам лајт и можев да донесам само пола од мене“, рече таа. „И ова е половината што ја одбрав.“

Ѕвездата додаде дека е премногу возбудена и преплашена што треба да пее и да биде домаќин на СНЛ (Saturday Night Live) истовремено.

„Повеќе би сакала да носам перики, да испијам чаша вино или шест, и да видам што ќе се случи. Сепак, таа почна да пее за време на еден од ноќните скечеви.

Во импровизација на популарната реалити серија The Bachelor, Адел се појави како кандидатка која бара момче. „Тука сум затоа што имав многу кршења на срцето во мојот живот – прво на 19 години, потоа на 21, а потоа уште попознато на 25“, рече таа, алудирајќи на насловите на нејзината први три албуми.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански”! 

Флејти и пијано во совршена хармонија – концерт на триото „Анимато“ во Тирана

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“