Утрински Весник
Магазин

Адел купи уште една куќа во Беверли Хилс

Адел купи уште една куќа во Беверли Хилс

Поп-ѕвездата Адел плати 10 милиони долари за нова куќа во Беверли Хилс, која се наоѓа на истата улица како и двете што веќе ги поседува.

Куќата со четири спални и четири бањи, претходно во сопственост на Никол Ричи и Џоел Меден, е во непосредна близина на куќата каде моментално живее со осум- годишниот син Анџело.

Новокупениот имот има простран двор со голем тревник, базен и џакузи.

Според медиумите, вредноста на недвижниот имот на Адел, односно на трите куќи во Беверли Хилс, се проценува на 30 милиони долари.

Можете да прочитате

Како Месечината влијае во 12-те куќи: Од љубов и кариера до судбински предизвици

Што открива Месечината за човекот според наталната карта

Луѓе кои умерено пијат вино може да живеат подолго