Утрински Весник
Магазин

Адел и Викенд ги имаа најголемите глобални хитови во 2021 година

Адел и Викенд ги имаа најголемите глобални хитови во 2021 година

Хит албумот на Адел, „30“, и рефлексивниот сингл на Д’ Викенд, Save Your Tears, беа најпродавани аудио-записи во светски рамки во 2021 година, според податоците на музичката индустрија.

Четвртиот албум на Адел се продаде во повеќе од пет милиони примероци за само два месеци, соопшти IFPI, додавајќи дека тоа беше најпродаван албум на винил и ЦД.

Во меѓувреме, ретро-поп баладата на Д’Викенд се најде на врвот на топ листите во 18 земји и беше стримувана 2,15 милијарди пати.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци