Адвокат на полицаецот Дерек Човин, кој е осомничен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, тврди дека жртвата починала од предозирање, а не затоа што полицаецот му клечел врз вратот скоро 10 минути.
Адвокатот Ерик Нелсон поднесе жалба пред судот во која се наведува дека обвинителот не докажал оти Човин е одговорен за убиството и потсети дека неговиот клиент самиот се изјаснил за невин за сè за што се товари.
Смртта на Флојд предизвика лавина протести ширум светот, а адвокатот сега тврди дека нема докази оти Човин е одговорен за смртта на Флојд и бара да се повлече обвинението.
Во жалбата тој наведува дека обдукцијата покажала оти во телото на Флојд биле пронајдени фентанил и метамфетамин и дека жртвата „најверојатно земала дрога позната како ‘спидбол’, како резултат на што починала“.
Нелсон се осврнал и на наодите од вешатак кој утврдил дека Флојд страдал од атеросклероза и хипертензија, како и други болести на крвните садови. Тој исто така потсети дека е утврдено оти за време на неговата смрт, Флојд бил позитивен на коронавирусот.
„Но, да заокружиме, г-дин Флојд не можел да стане бидејќи во себе ималсмртоносна количина на фентанил и најверојатно ‘спидбол’. Ова, во комбинација со неговата болест, довело до смрт. Неговиот потег за организмот бил сличен како на ефектот кога ќе запалите фирил на динамит“, заклучува Нелсон во жалбата, а пренесе „Њујорк пост“.