Утрински Весник
Македонија

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом Јанкулоска ја добила пресудата на Врховниот суд, по 10 минути дошла полиција за да ја спроведе.

„ Спроведувањето на Јанкулоска во Идризово е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но таа мислам дека вчера околу 15 часот ја примила одлуката и по 10 минути се појавила полиција која и` кажала дека мора со нив во затворот Идризово. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по било кој друг основ, предвиден со закон. Таа нема примено упатен акт, за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за во затворот Идризово”, рече адвокатката Алексиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!