Битола, 23 јуни 2020 (МИА) – Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, поранешен директор на РЕК Битола на прес-конференција во Битола најави дека неговите адвокати ќе поднесат кривична пријава против министерот за внатрешни работи Наќе Чулев заради, како што рече, спомнувањето на неговот име без притоа да ја почитува пресумцијата на невиност.
Ковачевски ги повика надлежните институции да го расчистат случајот кој е во интерес на вистината.
-Во врска со обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на министерот Наќе Чулев за криминал и изнуда, истакнувам дека тие се неосновани. Ги повикувам надлежните институции веднаш да постапат и да работат на случајот со пријавата, се со цел да го расчистат случајот, во интерес на вистината. Жалам што министерот Наќе Чулев освен министер за полиција е и истражител, обвинител и судија, но истовремено и извршител на партиски агенди,изјави Ковачевски.
За изјавата на министерот Чулев дадена пред СВР-Битола и спомнувањето на моето име без притоа да ја почитува пресумцијата на невиност, потенцира, моите адвокати подготвуваат кривична против него.
-Во меѓувреме АД ЕСМ врши внатрешна истрага и ќе даде соопштение во врска со овој случај, рече Ковачевски.мт/вј/