Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро на шега вели дека тој и Лео Меси се како „стара брачна двојка“ кога ќе бидат повикани во аргентинската репрезентација.
Агуеро е во репрезентацијата од 2006 со 97 настапи и 41 голови, со што е трет најдобар стрелец во историјата, заостанувајќи само зад Габриел Батистута и секако Меси, кој е рекордер со 71 гол. Меси, пак, дебитираше во 2005 и двајцата се редовно во репрезентацијата, на три Светски првенства, четири Копа Америки и при Олимпијадата во 2008, кога го освоија златото.
„Тој секогаш се жали, така што сме како некоја стара брачна двојка. Секогаш заспивам со вклучен ТВ и секое утро кога ќе стане само се жали. Пристигнува во хотелот и веднаш се тушира, додека јас седам на телефонот. Тогаш ќе ме потсети дека мораме да одиме на вечера и дека немаме време. Стара брачна двојка“, вели Агуеро.
> Агуеро: Меси и јас сме како стара брачна двојка <