Утрински Весник
Спорт

Агуеро е лут на Гвардиола, воопшто не сакал да си оди од Сити

Агуеро е лут на Гвардиола, воопшто не сакал да си оди од Сити
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

И покрај солзите кои ги имаше во очите Пеп Гвардиола во прошталниот говор по последниот меч на Серхио Агуеро за Манчестер сити, аргентинскиот напаѓач подолго време имал проблеми со менаџерот и воопшто не бил задоволен од начинот на кој заминува од клубот по една деценија, тврди британскиот „Атлетик“.

Агуеро постигна два гола при 5:0 победата над Евертон, за да има вкупно 260 гола во 10 сезони во Сити и 184 гола во Премиер лигата. Но, според „Атлетик“, Агуеро од март не зборува со Гвардиола, откако тој решил да не му понуди нов договор и дека тој воопшто не планирал да си замине од „Етихад“.

Тие додаваат дека Агуеро бил доволно фит да игра во последните недели, иако Гвардиола не го стави во тимот на последните седум лигашки мечеви.

> Агуеро е лут на Гвардиола, воопшто не сакал да си оди од Сити <

Можете да прочитате

Перез: Да се ​​биде клупски колега на Верстапен е најнеблагодарната работа, во Ред Бул знаеја дека ги уништуваат своите возачи

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026