Утрински Весник
Свет

Агенцијата за јавно здравје на ЕУ препорачува бустер доза за сите возрасни лица

Агенцијата за јавно здравје на ЕУ препорачува бустер доза за сите возрасни лица

Директорката на агенцијата за јавно здравје на Европската унија, Андреа Амон, денеска изјави дека давање на засилена т.н. бустер доза на вакцината против Ковид-19 треба да се земе предвид за сите возрасни, со приоритет за оние постари од 40 години.

Препораките издадени од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) не се обврзувачки за владите на ЕУ, но се користат за донесување одлуки околу здравствената политика, наведува „Ројтерс“.

Во претходното упатство, издадено во септември заедно со Европската агенција за лекови (ЕМА), ECDC соопшти дека нема итна потреба да се даваат дополнителни дози на целосно вакцинирани лица во општата популација, но предложи да се разгледаат дополнителни дози за лицата со послаб имунолошки систем и дека тие можат да се користат како мерка на претпазливост за постарите со кревко здравје.

Можете да прочитате

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток