Утрински Весник
Македонија

Агенцијата за храна добила известувања за небезбеден сусам од Индија

Агенцијата за храна добила известувања за небезбеден сусам од Индија

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ досега имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

Од Агенцијата додаваат дека во моментов е постапено по две од тие известувања, а за третото од јануари годинава постапката е во тек.

„По приемот на првата нотификација во септември минатата година (23.09.2020) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки и извршена беше вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла. Во вториот случај од 6 ноември минатата година, направена е контрола во магацините на увозникот на сусам и утврдено е дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините“, стои во соопштението на Агенцијата.

Од АХВ уверуваат дека ја следат состојбата и спроведуваат континуирани контроли, а доколку се јави потреба, навремено реагираат согласно законските надлежности.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија