Утрински Весник
Спорт

Агентот на Бејл отфрли враќање на Велшанецот во Премиер лигата

Бејл не знае кој е премиер на Велика Британија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 4 јуни 2020 (МИА) – Агентот на напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, Џонатан Барнет изјави дека неговиот клиент нема намера да се врати во шампионатот на Англија.

– Како што секогаш велев, Герет е среќен во Мадрид, го цитира Goal.com, Барнет.

Тој сака да живее овде, не разбирам зошто треба да размислува за кариера на некое друго место. Тој веќе освои скоро сè, со исклучок на меѓународните турнири. Се разбира, враќањето на Бејл во Премиер лигата би било голем настан, но не верувам дека тој сака да се врати. Тој сака да игра за Реал Мадрид, додаде Барнет.

Во сезоната 2019/20, Бејл одигра 18 натпревари за Реал Мадрид, постигна три гола и две асистенции на негова сметка.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 30-годишниот Велшанец на 32 милиони евра. Претходно беше објавено дека за играчот е заинтересиран Њукасл. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја