„Сексот и градот“ се рестартира на „Ејч-би-о макс“, но без оригиналната sвезда Ким Катрал.
Катрал, која успешно го долови ликот сексипилната Саманта во хит серијата, одби да учествува во новата сезона што ќе ги обедини Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон.
А, Кендис Бушнел, авторка на книгата врз која се темели хит серијата, за порталот „Пејџ сикс“ изјави дека рестартирањето со наслов And Just Like That... добро ќе функционира и без Катрал.
„Мислам дека ќе биде интересно …. има многу интересни ликови како Миранда. Сите ние сме Миранди. Таа е интересен лик,“ вели Бушнел и додава: „Саманта секогаш ќе биде инспирација за нив … Претпоставувам дека ќе биде таму со духот и како инспирација што ќе им дава можност да ја истражуваат сексуалноста со различни ликови.“
„Варајети“ во понеделникот објави дека Паркер, Никсон и Дејвис ќе заработат повеќе од 1 милион долари по епизода за да ги репризираат своите ликови за стриминг- услугата.
Катрал глумеше во сите шест сезони на мегапопуларната серија, како и во двата филма.