Утрински Весник
Македонија

Автопатот, пругата, гасоводот и заедничкиот граничен премин ветени во Приштина меѓу Бочварски и Абраши

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, каде што се сретна со неговиот косовски колега Арбан Арбаши. На средбата се дискутирало за неколку инфраструктурни проекти, кои би овозможиле посилен регионален развој, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Во однос на ветената изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Косово во Хан Елези, двајцата министри се обврзаа да ги забрзаат процедурите за отворање на ваквиот објект, со цел да се поедностават постапките за транспорт на стока и патници преку една контролна точка.

Министерот Бочварски го информирал неговиот косовски колега за отпочнувањето на постапката за изработка на физибилити студија за интерконекциско поврзување меѓу двете земји со гасоводот.

„Во однос на гасоводот, информирав дека преку Национални Енергетски Ресурси работиме на постапката за физибилити студија за интеконеконекциска врска со Косово. Ова се значајни проекти кои даваат серизона шанса за економски раст и развој на нашите држави. На долго рок треба да размислуваме и за изградба на 400 киловолтен далновод од Скопје до Приштина“, изјави Благој Бочварски.

Во однос на автопатот меѓу Скопје и Приштина, министерот Бочварски посочи дека веќе е започната изградбата на првите 2 километри, но и дека во тек е проектирање на втората фаза од автопатот од граничниот премин „Блаце“ до Скопје.

Во однос на железничката инфраструктура, косовскиот министер за инфраструктура Арбан Абраши информираше за тековната реконструкција на железничката пруга од Приштина до косовско-македонската граница, со која треба да се подигне брзината на движење на возовите на 120 километри на час. Министерот Абраши говореше и за можноста за електрификација на оваа железничка пруга меѓу Приштина и Скопје.

Тој воедно објасни дека на следната заедничка средба на двете влади ќе биде дискутирано за отворање за заеднички граничен премин и во патниот превоз, со што би се забрзал транспортот на патници и стока, но и за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег