Утрински Весник
Македонија

Автомобил управуван од малолетник се судри со мотор, повредени се две лица

Автомобил управуван од малолетник се судри со мотор, повредени се две лица
Dik 300x250 mk

Шестнаесетгодишно дете управувајќи автомобил се судри со мотор, пришто повредени се две лица.

Сообраќајната несреќа се случи вчера на крстосницата од улицата „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Втора македонска бригада“.

„Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Блаце, скопско, и мотоцикл „лифан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(23) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Џ.Х.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“