Утрински Весник
Македонија

Автомобил удрил во жена пешак и побегнал

644 санкции за неносење маска

Шеесет и едногодишна жена е тешко повредена откако вчера во неа удрил автомобил на крстосницата од бул. Христијан Тодоровски Карпош и ул. Ферид Бајрам во Скопје.

Според информациите од МВР, патничко возило „форд фиеста“, удрило во пешакот Р.Ц.(61) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата Р.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нема продолжување на зимскиот распуст

Министерството за одбрана ги објави платите

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата