Утрински Весник
Македонија

Автомобил излета од патот, повредени две лица од Кочани

Автомобил излета од патот, повредени две лица од Кочани

Две лица од Кочани се повредени кога со автомобилот излетаа од локалниот пат Скопје – Велес, во атарот на населбата Дрма.

„На 27.2.2022, во 19.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје – Велес, во атарот на населбата Дрма, патничко моторно возило ‘мерцедес’, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Е. М. (53) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и сопатничката Ж. М. (55) од Кочани, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Минчев: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

Средба на државниот обвинител Савески со амбасадорот на ОБСЕ Вал

АВМУ се огласи по односот на новинарот на прес-конференција во Тетово кон министерката Јаневска