Утрински Весник
Македонија

Автомобили се судрија кај Тетово, тешко повредени двајцата возачи, во болница завршија и сопатничките

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа регионалниот пат Тетово-село Пирок, на крстосница со локален пат за село Синичане.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од МВР, во несреќата учествувале автомобил „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(29) од с.Синичане и патничко возило „опел зафира“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(43) од с.Камењане.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „опел корса“, И.Р.(26) и Ф.А.(19), двете од с.Синичане, констатирани во Клиничката болница во Тетово“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Можете да прочитате

СДСМ: Стојановски вели „некрофилство на СДСМ”, ВМРО – ДПМНЕ ја премина секоја можна граница

Сопственикот на кравите и неговите ќерки одат во осумдневен притвор

Нови дождови доаѓаат во Македонија, ќе наврнат над 50 литри дожд