Утрински Весник
Свет

Автомеханичар препродал „опел“ којшто сопственичката му го донела за поправка

Автомеханичар препродал „опел“ којшто сопственичката му го донела за поправка

Загрепската полиција поднесе пријава против 39-годишен автомобилски механичар, кој препродал „опел корса“, којшто  сопственичката го донела на поправка.

Осомничениот ја измамил сопственичката велејќи ѝ дека ќе го поправи автомобилот, за што од неа добил 8.400 хрватски куни. Откако добил пари за да купи делови и да го поправи автомобилот, автомеханичарот го продал возилото за 11.000 куни.

Тој фалсификувал договор за продажба на моторно возило, каде се потпишал место сопственикот на автомобилот, информира полицијата. Посебен извештај е доставен до општинското државно правобранителство во Загреб против обвинетиот, кој во моментов е недостапен.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аксиос: САД се загрижени поради нападите на Израел врз магацините со гориво во Иран

Унгарската партија ФИДЕС поднесе предлог-закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

Неколку земји од Персиски Залив бараат украински дронови пресретнувачи