Утрински Весник
Свет

Автобус во Непал падна во бездна – загинаа најмалку 28 лица

Автобус во Непал падна во бездна – загинаа најмалку 28 лица

Најмалку 28 лица загинаа кога автобус во западен Непал излета од патот во бездна, соопштија тамошните власти. Најмалку 15 повредени лица се хоспитализирани, а спасувачите  се на терен и ги бараат телата.

Се’ уште нема информации за причината за несреќата и колку патници имало во автобусот.

Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Сообраќајните инциденти се вообичаени во планинскиот Непал, а причината најчесто се неисправни возила, лоши и тесни патишта со големи и ненадејни кривини.

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за можна нуклеарна катастрофа на Блискиот Исток

Кремљ: Го осудуваме убиството на иранските лидери, се шират лажни вести за Русија и Иран

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетската безбедност