Утрински Весник
Македонија

Автобусите од јавниот превоз утре од 5 до 15 часот, во полицискиот час нема да возат

Дополнителни автобуси на 59, 59А и 59 Б во пресрет на верскиот празник Задушница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Јавниот превоз од утре, сабота (25 април) од 15 часот до понеделник (27 април) до 5 часот, нема да функционира. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Автобусите од јавниот превоз утре, сабота (25 април) ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.

Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб страницата www.jsp.com.mk.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, информираат од ЈСП Скопје. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви