Утрински Весник
Македонија

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре ќе сообраќаат по саботен возен ред

Автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Јавното сообраќајно преторијатие Скопје информира дека од утре, (понеделник) поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред.

Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.

Одлуката ќе важи до 21 март 2020 година, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.

Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата на РСМ за превенција од ширење на коронавирусот. ев/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“