Утрински Весник
Свет

Австрија: Четири години затвор за мажот кој во стомакот носел два килограми кокаин и хероин

Австрија: Четири години затвор за мажот кој во стомакот носел два килограми кокаин и хероин

На аеродромот во Виена полицијата запрела маж кој проголтал повеќе од два килограми хероин и кокаин и на тој начин се обидел да прошверцува дрога во Австрија.

Мажот (45) од Нигерија бил запрен на царината на 19 септември 2020 година, веднаш по слетувањето од Брисел. За време на рутинската контрола, како што наведува Хауте, тој давал контрадикторни изјави зошто пристигнал, па следела построга контрола.

„За време на испрашувањето, тој не даде разбирлива информација зошто пристигнал во Австрија, па полицијата се посомнева дека шверцува дрога“, соопшти МВР.

Наскоро бил пренесен во болница каде што бил подложен на лекарски преглед, а кога го скенирале, во неговиот стомак биле пронајдени стотици кесички.

Мажот проголтал 214 кесички полни со кокаин или хероин, а секоја ќесичка тежела околу 10 грама. Во следните три дена тој исфрлил 1.905 грама кокаин и околу 200 грама хероин од цревата.

Од полицијата велат дека дрогата била со одличен квалитет и дека уличната вредност е проценета на половина милион евра. Истрагата утврди дека тоа не бил негов прв лет за Австрија -осомничениот веќе 29 пати доаѓал во земјата.

Иако на рочиштето ја негираше вината, судијата го осуди на четири години затвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење