Утрински Весник
Свет

Австрија: Срцев болен чекал половина час на границата со Германија

Австрија: Срцев болен чекал половина час на границата со Германија
Dik 300x250 mk

Построгиот режим на влез од Австрија во Германија влијае не само на секојдневниот живот на граѓаните на пограничните места, кои се навикнати да живеат од двете страни на границата, туку исто така, како што покажува еден случај, го отежнува обезбедувањето здравствени услуги.

Германската полиција запрела амбулантно возило со срцев болен на границата меѓу австрискиот Тирол Аузерферн и германската покраина Баварија.

Причината за запирање и чекање подолго од половина час, според „Тиролски тагесцајтунг“ е недостиг на еден документ.

Возилото на итна помош чекало на преминот половина час додека друго возило на итна помош не го донело потребниот документ.

Брзата помош требало да го пренесе пациентот на клиника во Фисен, Германија.

Во таа болница, тој бил опериран веднаш по пристигнувањето.

Директорот на Црвениот крст во Роут, Андреас Инвинкл, вели дека е апсолутно лудило да се запре возило на брза помош со тимот и пациентот, кои биле негативно тестирани на коронавирусот, поради еден документ.

Тој додаде дека документот бил копија од еден мејл, во кој баварските власти ги известуваат сопствените институции дека возилата за итна помош, полицијата, пожарникарите и другите безбедносни органи имаат дозвола да влезат во Германија.

Тој документ се наоѓал во амбулантното возило кое одеднаш морало да се поправи, па не бил ставен во возилото што дошло како замена за да го пренесе срцевиот пациент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два силни земјотреси во Романија

Трамп сака Кина да „помогне“ во односите со Русија

Силен земјотрес ја стресе Јапонија