Утрински Весник
Свет

Австрија по третпат под клуч

Австрија ги заострува мерките на границите за време на божикните празници

Во Австрија, од полноќ стапија на сила нови построги мерки во борбата против пандемијата на коронавирус, со што земјата се заклучува по третпат оваа година.

Третото заклучување ќе трае еден месец, до 26 јануари, но за оние кои ќе учествуваат во доброволното масовно тестирање, „отклучувањето“ ќе биде можно од 18 јануари.

Повторно стапи на сила целодневниот полициски час, а можно е да се се излезе од дома само за да се купат намирници, да се оди на лекар, на работа, но и да им се помага на другите, како и индивидуално спортување заради менталното и физичкото здравје.

Поострите мерки предвидуваат значително намалување на контактите, така што на едно домаќинство ќе му се овозможи да има контакт со само едно лице од друго домаќинство, пренесуваат медиумите.

Ова значи дека дури и за Нова Година, нема да биде можно да се напушти куќата без валидна причина, како и да се слави со оние кои не се во домаќинството.

Сите продавници, освен самопослугите, аптеките, пекарите, месарниците и слично, се затворени.

Исто така, услугите за автомобили и велосипеди остануваат отворени, а рестораните и хотелите, како и културните институции остануваат затворени.

На јавни места, останува правилото за физичко растојание од еден метар, а маската мора да се носи во затворен простор.

Засилен режим на влез во Австрија е на сила до 18 јануари, кој предвидува задолжителен десетдневен карантин што може да се прекине со негативен тест, но само по петдневна изолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија