Утрински Весник
Свет

Австрија планира да ги конфискува автомобилите од несовесните возачи

Австрија планира да ги конфискува автомобилите од несовесните возачи
Dik 300x250 mk

Комитетот за сообраќај на австрискиот парламент усвои амандман на законот за сообраќај со кој се предвидуваат повисоки казни за возачите кои не го почитуваат ограничувањето на брзината, а се овозможува забрзување на процесот на одземање на регистарски таблички и клучеви од автомобилот.

Врз основа на измената на Законот, полицијата има можност да им изрече значително повисока глоба на несовесните возачи, кои се дел од нелегалната „тјунинг“ сцена на градските трки, а во поголема мера го прекршуваат ограничувањето на брзината, со тоа што казната е зголемена на 10.000 евра.

Со измената на законот се зголемија и минималните казни, а се воведе и можност полицијата на лице место да одзема регистарски таблички, објасни министерката за транспорт Леоноре Гевеслер.

Обезбедена е минимална казна од 300 евра за нелегално „обработени“ автомобили кои може да се наплатат на лице место. По Комисијата за транспорт, законот во мај треба да го усвојат само горниот и долниот дом на парламентот.

Провинциите Виена, Корушка и Салцбург веќе најавија дека ќе формираат специјални единици за борба против илегалните трки.

Таканаречената „родранер“ и „тјунинг“ сцена во Австрија значително порасна во последните години. Групите се многу активни и добро вмрежени. Организираат диви трки во градските средини, а со тоа го загрозуваат населението, посочуваат од полицијата.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник