Според Федералната здравствена служба на Австрија (BASG), повеќето несакани ефекти на вакцините што моментално се достапни во земјата се предизвикани од вакцините на компанијата „Астразенека“. Вакцината на „Астразенека“ предизвикува несакани ефекти во 14,9 случаи на 1.000 вакцини.
Заради споредба, со вакцината на „Бионтек-Фајзер“, тоа е случај со 3,79 и со „Модерна“ 5,71.
Досега 365.039 лица се вакцинирани со вакцините на „Бионтек-Фајзер“ во Австрија, а за 1.384 е пријавено дека имаат несакани ефекти.
Со вакцината на „Модерна“ се имунизирани 8.057 лица и пријавени се 46 несакани ефекти.
3.961 лице се вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, а пријавени се и 59 несакани ефекти.
Несаканите ефекти биле претежно лесни по природа. Повеќето изјавиле дека имале главоболка, температура, замор, болка на местото на убодот, болка во мускулите, гадење, треска.
Карактеристично е дека кај „Астразенека“ е забележана температура како најчест несакан ефект.
Во неколку болници низ Австрија, медицинскиот персонал одбива да прими вакцина на „Астразенека“, како заради несакани ефекти, така и за наводен послаб ефект, пред се против нови соеви.