Утрински Весник
Свет

Австрија ги заострува мерките на границите за време на божикните празници

Австрија ги заострува мерките на границите за време на божикните празници

Австрија планира да воведе строги мерки на аеродромите и границите за време на божикните празници, кои ќе се однесуваат на патувања во високоризични земји, пишува „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.

Мерките ќе се однесуваат на патниците од земјите означени како ризични области, особено на Балканот и Турција, но исто така и на Италија и Германија.

Секој што ќе одлучи да патува во ризични области и покрај предупредувањата, ќе мора да помине 10 дена во карантин по враќањето во Австрија.

Според австрискиот весник, мерките ќе бидат на сила до 10 јануари и ќе важат за сите земји кои имаат седумдневна стапка на бројот на пациенти поголема од 100 на 100.000 жители.

Засега не е познато кога мерките ќе стапат на сила, но весникот потсетува дека милиони христијани го слават Божик на 7 јануари и дека примарната цел на воведување нови построги правила на границите е да се спречи избувнувањето на третиот бран на пандемијата на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија