Утрински Весник
Свет

Австрија во паника, повратниците од одмор го шират коронавирусот

Австрија во паника, повратниците од одмор го шират коронавирусот

Повратниците од одмор го шират коронавирусот, пишуваат австриските медиуми. Според нив австриските власти се во страв и паника бидејќи повеќето од лицата кои биле на одмор во Хрватска или Турција се заразени со коронавирус и истиот го шират меѓу населението на домашен терен.

Според официјалните податоци, една третина од сите позитивни тестови во моментов се прават на луѓе кои се вратиле од одмор во странство.

Според Агенцијата за здравје и заштита на храната, кон средината на јуни, околу 7.000 повратници од одмор се вратиле во земјата со Ковид-19.

Од средината на јули, тој број масовно расте, а во моментов врвот беше забележан минатата недела со 1.132 инфекции.

Најмногу позитивни на коронавирус има меѓу повратниците кои биле на одмор во Хрватска.

Досега имало околу 1.400 позитивни случаи, а само минатата недела имало 1.000.

Паралелно на ова расте и бројот на заразени повратници од празниците и одморите во Турција.

Австриските власти се плашат дека во следните три недели може да дојде до натамошно зголемување на бројот на заразени поради крајот на одморите и враќањето на голем број жители на Австрија.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија